Право на трговски друштва, припојувања и превземања

Адвокатската канцеларија БЕГОВА ги советува клиентите во врска со најподобни форми на организирање на трговски друштва, основања на трговски содружништва и услуги поврзани со трговска документација.

Изготвуваме статуси на акционерски друштва, како и содружнички договори со права, обврски и корпоративни процедури за успешно функционирање на компаниите, реструктурирање во делот на припојувања и раздвојувања како и превземања на трговски друштва. Организираме собири на содружници и акционерски собранија и асистираме на собранија на акционери со правно застапување во и надвор од суд во случај на акционерски права и обврски.

Како партнери на нашите постојани клиенти, нудиме и учество во бордови на нашиот тим, како искусни членови за правно советување и застапување на компаниите во управувачките и надзорните бордови.